Голема акција за расчистување шут и смет низ општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве почна голема акција за собирање на сметот и шутот што несовесни граѓани го фрлаат на недозволени места и надвор од контенјерите.

PRED

Во акцијата до сега се собрани 40 тони смет и шут, а активностите ќе продолжат и во наредниот период сè додека не се исчисти целиот шут и сметот од целата територија на Општината.

POTOA

Општина Аеродром апелира до граѓаните шутот и сметот да го одложуваат на соодветно место одредено за тоа, бидејќи фрлањето отпад на недозволени места ќе биде законски санкционирано.