Голема антитерористичка акција во Австралија

Австралиската полиција уапсила 15 лица во голема антитерористичка операција, откако националното разузнавање доставило информации за подготвување на напади во земјата, објави „Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.

Околу 800 федерални полицајци упаднале во голем број на приватни имоти во Сиднеј и во источните градови Бризбан и Логан, изјавил заменик – комесарот на федералната полиција, Ендрју Колвин.

Приведувањата се извршени на само неколку дена откако земјата го зголеми нивото на готовоност на безбедносните служби, како знак на одговор на заканата од приврзаниците на групата „Исламска држава“.

Колвин дополнил дека според сомнежите на полицијата, уапсените планирале самоиницијативно да изврпшат жестоки напади во Австралија.

Австралискиот премиер Тони Абот, на прес – конференција, рекол дека граѓанин на Австралија , кој е високопоставен член на радикалната група, повикувал нејзини мрежи во Австралија „да извршат убиства“.