Голема антитерористичка акција во Австрија

Австриската полиција од раните утрински часови спроведува голема акција против меѓународниот тероризам во Грац, Линц и Виена, а главниот осомничен по потекло е од БиХ.

Како што јавува Б92, околу 500 припадници на полицијата меѓу кои и специјалната едница Кобра влегле во станови, џамии и други исламски институции. Се врши истрага за финансирањето, но и за регрутацијата на џихадисти за Исламска Држава.

На акцијата, за која медиумите тврдат дека е најголема во повоената историја,  и претходело двегодишно прислушкување.

Државното обвинителство издало околу 20 налози за апсење со обвинение за членство во терористичката организација и наложило дополнителни претреси во 40 станови.

За главен осомничен се смета едно лице кое потекнува од Босна и кој е татко на пет деца. Австриските власти сметаат дека тој е портпарол на европскиот огранок на ИД и кој регрутирал нови членови за организацијата.

Како мерка на претпазливост, затоа што постои опасност од одмазда на исламистите, полицијата во цела Австрија е во состојба на приправност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.