Голема е веројатноста дека еден од џелатите на ИД е Французин

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев смета дека „постои голема веројатрност“ дека еден од припадниците на терористичкото движење Исламска држава (ИД), кој се појавува на видео снимката од егзекуцијата на повеќе затвореници во Сирија е француски државјанин, јави дописникот на МИА од Париз.

Станува збор за 22-годишно лице до потекло од Нормандија, кој преминал во исламска вероисповест на 17 години, кога го променил своето вистинско име Максим Хошар во Абу Абдалах Ал-Фаранси. Ал-Фаранс на арапски значи „Французин“. Тој заминал во Сирија во август 2013 година по престојот во Мауританија во 2012 година.

Според специјалистот за џихадистичките движења во Ирак, Роман Каје, французкиот џихадист може јасно да се идентификува на видео снимката.

– Овај Французин е по потекло од Нормандија. Неговите снимки кои ги видов во изјавите за БФМТВ и за извесен број на други новинари или кои се сретнале со него, се формални, станува збор за него. Нема место за сомнеж, изјави Роман Каје за националното радио Франс Интер.

Новинарот на РФИ, Давид Томсон, исто така добар познавач на џихадистичките мрежи, е сигурен дека лицето на снимката е Французин.

Засега француските служби не го идентификувале вториот Французин кој исто така се појавува на пропагандната видео снимка на ИД, на која е прикажана егзекуцијата на затвореници.