Голема е веројатноста Тијана да е киднапирана од лихвари

Полицијата во Бајмок интензивно истражува дали 15 годишната Тијана Јуриќ е киднапирана од страна на лихвари на кои нејзиниот татко Игор Јуриќ им должел пари.

Полицијата, која веќе две недели трага по Тијана, испиутува неколку оперативни претпоставки од кои како најсериозна е можноста девојката да е киднапирана од страна на лихвари кои минатиот месец го уценувале нејзиниот татко.

Полицијата дошла до сознание дека Игор Јуриќ од порано им бил должен на „сомнителни типови“, но дека тој долг кој го имал неодамна го вратил. Меѓутоа, лихварите и Игор не можеле да се договорат за каматата, па затоа полицијата се сомнева дека тоа би можело да биде причина за киднапирање на девојчето.

tijana-juric-1407270562-546537

Постои можност лихварите да се исплашиле по киднапирањето, бидејќи во јавноста брзо се рашири информацијата и полицијата итно почна да работи на терен. Полицијата смета дека Тијана се наоѓа на некоја сигурна локација и дека се држи со намера да се изнудат пари од семејството.

Милорад Вељовиќ, директор на полицијата, изјави дека потрагата по Тијана е приоритет и случајот ќе биде решен што е можно побрзо.

Вењовиќ ова го изјави во Полициската станица во Бајмок по соста нокот со претставниците со Управата на криминалистичката полиција и полицијата во Суботица, на кој бил повикан и татко и на Тијана, Игор Јуриќ.

На самиот крај, Вељовиќ вели дека полицијата работи на разрешување на овој сличај и нема да престане се додека Тијана не биде пронајдена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.