Голема експлозија одекна во центарот на Алепо

Голема експлозија одекна во центарот на Алепо и срамни со земја еден хотел и уште неколку згради.

Очевидци изјавиле дека дошло до експлозија  во хотел во Алепо во кој се наоѓале владини сили. Според извештајот на сириската телевизија, станува збор за хотелот „Карлтон“.

Засега не се познати причините за експлозијата, а нема податоци ни за жртви.

Алепо е најголемиот град во Сирија и поранешен комерцијален центар на земјата.