Голема експлозија во хемиска фабрика во Германија

Голема експлозија се случи во хемиска фабрика во Ритерхуде во северна Германија, изјави за АФП портпаролот на пожарникарската служба, но засега нема податоци за жртви.

Експлозијата се слушнала неколку километри подалеку и неколку згради на фабричкиот комплекс се запалиле, изјавил портпаролот.

Еден работник на фабриката исчезнал, додека едно лице е повредено во експлозијата на евакуираните.

„Блиските куќи се тешко оштетни,“ изјави за Билд портпаролот на полицијата Маркус Нојман.

Билд пишува дека и една зграда потполно се срушила, а на луѓето кои стануваат во околината советувано им е да ги затворат вратите и прозорците.

Ритерхуде кој има 15 илјади жители, се наоѓа североисточно од Бремен.