Голема несреќа во Романија – во сообраќајка загинаа тројца ракометари

Голема несреќа во Романија - во сообраќајка загинаа тројца ракометари

Загинал 19-годишниот Роберт Бурка и двајцата позајмени ракометари од Плоешти, Даниел Барлоага и Даниел Манда.

Потешко повреден е тренерот и претседател на клубот, Аурел Јанку кој е хоспитализран.

До несреќата дошло откако поради дефект на камионот, тој бил запрен, но возачот на минибусот немал доволно време да реагира и удрил во него.

Во сличен инцидент, ракометниот клуб Тарговиште бил инволвиран и пред три години, но тогаш немало толкави последици.