Голема полициска акција на Косово, се трага по вујкото на Тачи

Во Косово уапсен три лица осомничени за тероризам
Во Косово уапсен три лица осомничени за тероризам

Полицијата на Косово и ЕУЛЕКС изведуваат акции за апсење и претрес на станови на лица кои се осомничени за вмешаност во злоупотребата на продажба на земјиште околу Чаглавица.
Како што пренесува Б92 досега пет лица се уапсени.

Портпаролот на ЕУЛЕКС, Драгана Николиќ Соломон, рече дека во акцијата се вклучени голем полициски сили, но не даде детали за операцијата.

Портал Kallxo.com пишува дека е извршен претрес во домови на пратеници од Демократската партија на Косово, како и дека се трага по Азем Сулјо, вујко на Хашим Тачи.

Полицијата не го пронашла Сулјо во неговиот дом, но му ја доставиле поканата за рочиште.

Портал Insajderi.com пишува дека Сулјо го напуштил Косово, а некои медиуми јавуваат дека тој се наоѓа во Драч, Албанија.

Индекс онлајн известува дека Сулјо, пратеник на Демократската партија на Косово, е обвинет за три тешки кривични дела – организиран криминал, перење пари и злоупотреба на функцијата.

Извори во ЕУЛЕКС, велат дека се работи за голем случај во кој има повеќе од 40 осомничени, и дека операцијата се врши на околу 42 локации низ цело Косово, пренесува Радио КиМ.

Медиумите наведуваат дека се работи за злоупотреба на јавната сопственост и продажба на земјиште во околината на Чаглавица во вредност од десетици милиони евра.