Голема полициска акција околу Гошинце

Голема полициска акција од рано утринава се одвива во реонот околу селото Гошинце, каде минатата недела беше нападната една полициска караула, објави Пресс 24 повикувајќи се на полициски извори.

Според информациите, по истрагата за нападот врз караулата полицијата дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата.

-Нашиот извор вели дека по обезбедени судски наредби, извршени се повеќе претреси во Малино и пронајдено е дел од полициското оружје кое беше украдено.

Од МВР за Press24 и официјално потврдуваат дека од рано утрово спроведуваат акција во регионот околу Гошинце но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат, акцијата е се уште во тек, објави порталот.