Голема полициска акција во Арачиново

Голема полициска акција во Арачиново
Голема полициска акција во Арачиново

Од утрово во скопско Арачиново полицијата спроведува голема акција. Блиндирани полициски возила се влезени во селото, а според информации на порталот „Прес 24“, приведени се повеќе лица кои се сомничат за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти.

Од МВР ја потврдија акцијата, но, повеќе детали најавија за подоцна.