Голема полициска акција во Тетово и Гостивар

Голема инспекциска акција со асистенција на полицијата се одвивала вчеравечер во Тетово и Гостивар, дознава Пресс24.

Според нивните информации, контролирани се 12 објекти од кои 8 во Тетово и 4 во Гостивар. Целата координирана акција поминала без никакви проблеми.

Во Тетово од 8 контролирани објекти кај 7 се констатирани неправилности во работењето поради што се изречени глоби и мерки за времено затворање. Во Гостивар од 4 контрлирани објекти во 3 не се почитувале законите.

Пазрната инспекција изрекла серија казни меѓу кои 1 глоба од 2500 евра, уште една од 750 евра, три глоби од по 600 евра и две глоби од по 450 евра. Покрај ова, инспекциските служби изрекле и една забрана за работа од 30 дена а два објекти се затворени по 7 дена.

Се казнувало и за непочитување на Законот за заштита од пушењето. Полицијата издала 6 платниналози на лица кои биле затекнати како пушат во затворени простории.

Од МВР ги потврдуваат информациите на Press24 а повеќе детали најавуваат во текот на денот.