Голема регионална акција против нарко-мафијата

На територијата на БиХ и Словенија денеска започна голема полициска акција, под името „Глобал“, насочена против нарко-мафијата.

Акцијата се спроведува од девет држави – Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Чешка, Данска, Холандија и Шведска.

Операцијата е насочена против организирана група од Словенија, Црна Гора и БиХ, која врши недозволена меѓународна трговија со кокаин од територијата на Холандија и Данска кон земји од централна и источна Европа.

Истовремено, користејќи тајни канали, групата пренесува незаконски марихуана од Црна Гора преку БиХ и Словенија кон земји од Западна Европа, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Сараевски „Дневни аваз“ објави дека во рамки на акцијата се извршуваат претреси на многу места во Бања Лука и Сараево со цел да бидат уапсени осомничените членови на наркогрупата.