Голема воена операција на израелската армија во Газа

Најмалку 50 цели на палестинска територија се погодени откако израелската армија запчнала голема воена офанива против Хамас во појасот Газа.

Портпаролот на израелската армија потполковникот Петер Лернер изјавил дека се нападнати и четири куќи на палестински борци, каде биле скриени ракети. Тој наведе дека поголемиот број од целите биле погодени од воздух.

– Армијата постепно ги интензивира нападите врз Појасот Газа и почна да ги регрутира резервистите за евентуална копнена операција, посочи потполковник Лернер.

Според израелската армија околу 300 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа во изминатата  недела, а вчера биле истрелани 80.