Македонија

Голема заинтересираност за можностите на Еразмус+ програмата во општина Аеродором

Голема заинтересираност за можностите на Еразмус+ програмата во општина Аеродором

Македонската национална агенција за европски образовни програми и мобилност вчера, 11.3.2015 година во просториите на Општина Аеродром одржа инфо-ден и ги презентираше своите активности.

Erazmus plus 11.3 (3)На работилницата се презентираше новата програма на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014 – 2020“ каде беше објаснет начинот на аплицирање и можностите кои ги нуди европската програма за млади и образование, a беа истакнати и деталите од неколку успешно спроведени проекти.

Програмите се особено интересни за вработените во градинките, основното и средното образование, лица и фирми кои се занимаваат со образование на возрасни, како и организации кои се занимаваат со проблематика од областа на младите.