Големата арена во СЦ „Борис Трајковски“ поделена на три дела

Големата арена во СЦ „Борис Трајковски“ поделена на три дела
Големата арена во СЦ „Борис Трајковски“ поделена на три дела

Љубителите на спортот, клубовите, но и компаниите ќе можат во исто време во СЦ „Борис Трајковски“ да користат терен за тенис, ракомет и кошарка.

СЦ „Борис Трајковски“ реализира проект со кој големата арена е поделена на три дела. Во иднина, наместо едно големо игралиште, ќе има три комплетно монтажно-демонтажни терени, поставени по хоризонтала. Тие ќе бидат наменети за тренинг и рекреација, односно трите терени ќе можат да ги користат спортските клубови, рекреативците, но и компаниите кои на своите вработени им овозможуваат тим-билдинг.

-Овој проект кој што денеска го промовираме и што веќе почна да се користи ни овозможи да ја намалиме цената за закуп за преку 50 проценти. Терените првично се наменети за тренинг и рекреација, но не е исклучена можноста на кошаркарскиот терен да се играат и официјални натпревари, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински.

scbt3-500

Теренот за тенис е со димензии 36х18, кошаркарското игралиште е со 18х15, а ракометното има димензии 37х23. Освен спортските клубови и рекреативците, овие терени ќе може да ги изнајмуваат и компаниите.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, ја поздрави иницијативара за овој проект со кој е збогатена понудата на услугите на СЦ „Борис Трајковски“.

-Ја користам оваа прилика да упатам апел до сите општини, но и до сите оние кои стопанисуваат со спортски објекти, да го следат овој позитивен пример и во начинот на функционирање да обезбедат можност за мултифункционално одржување на спортски натпревари. Односно, оние спортски терени кои во моментов се користат само за една намена, со една мала инвестиција да ги оспособат да можат да ги користат за повеќе спортови одеднаш, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.

scbt4-500-1

Тој потенцираше дека владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период инвестираше многу во збогатувањето на спортската понуда, како за професионалните спортисти, така и за рекреативците. Во последниот период, односно година ипол изградени се преку 60 спортски терени низ целата држава.