Големи инвестиции во водоснабдувањето во Општина Виница

Состојбата со водата за пиење во населените места во Општина Виница долго време беше проблематична. Имено, најголем проблем имавме во периодот кога имаше поплави на територијата на општината и при поплавите доаѓаше до оштетување на водоводните линии и навлегување на надворешни материи во водоводните системи. Поради тие нарушувања на квалитетот на водата за пиење во населените места од Општина Виница, ЈП Солидарност Виница предложи неколку предлог мерки за надминување на состојбите и овозможување на континуирано водоснабдување на овие населени места со квалитетна вода за пиење, се вели во соопштението на ова јавно претпријатие.

Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Овие предлог мерки наидоа на одобрување од страна на Градоначалникот на Општина Виница и веднаш се презедоа активности за унапредување на состојбата со водоводните системи во населените места од општината, пред се оние со кои не стопанисуваше ЈП Солидарност.

До 2009 година само во селата Јакимово, Црн Камен и Трсино ЈП Солидарност Виница имаше ингеренции, т.е. стопанисуваше со нивните водоводни системи. Оттогаш па се досега, се преземени водоводните системи од селата Драгобраште, Пекљани, Калиманци и маалото Драка.

Инаку, од 2009 година наваму, преземени се многу мерки и инвестирани се многу средства од страна на Општина Виница со цел подобрување на водоснабдувањето во населенеите места во општината. Како едни од поглавните ќе ги спомнеме неколку поголеми.

  1. Изградба и пуштање во употреба на нов бунар со резервоар и водоводна мрежа во маало Драка, с.Калиманци
  2. Реконструкција на дел од водоводната мрежа во с. Липец
  3. Изградба на нова дренажа и нов бунар за вода во с. Калиманци
  4. Набавка и вградување на пумпи за вода во 3 посебни водоводни системи во с. Грљани
  5. Поставување на регулатор за притисок во водоводниот систем во с. Пекљани
  6. Набавка на нови пумпи за вода за с. Јакимово, Црн Камен, Грљани и Калиманци преку проектот ПУРС Брегалница
  7. Поставување ново полиетиленско црево кое го поврзува с. Јакимово на Градскиот водовод во Виница бидејки двапати беше прекинувано поради поплавите
  8. Реконструкција на 3 крака од водоводната мрежа во с. Јакимово каде што имаше постојано дефекти и пукање на цевките
  9. Изградба на нова водоводна линија во с. Истибања која го поврзуваше маалото Црвена Ѕвезда директно на бунарскиот систем
  10. Изградба на еден крак од водоводната мрежа во с. Блатец
  11. Постојано ангажираање на екипите на ЈП Солидарност за одржување на водоводот во отстранување на дефекти на водоводните мрежи во повеќе населени места со кои не стопанисуваме
  12. Изградба на Филтер станица за вода за пиење во с. Крушево, која е завршена со градба и сега е во пробна фаза на работење. Наскоро ќе го преземеме водоводот на управување од наша страна
  13. Набавка и вградување на хлоринатори за автоматско хлорирање на водата и фотоволтаични сончеви колектори кои ќе произведуваат струја за да работат хлоринаторите за 4 населени места: Трстија, Трсино, Крушево и Пекљани. Последните анализи од Центарот за јавно здравје Кочани покажуваат дека во сите овие населени места по земените анализи после активирањето на автоматското хлорирање имаме доволни количини на резидуален хлор во водата согласно законските прописи. Порано хлорирањето се вршеше рачно и понекогаш доаѓаше до дефект и прекин во хлорирањето, но сега тој проблем е отстранет и имаме континуирано хлорирање.
  14. Најнова инвестиција на Општина Виница и ЈП Солидарност Виница е набавка и вградување на брзи филтри кои ќе вршат физичко прочистување на водата за пиење. Моментално се набавени 2 вакви филтерски системи и се монтирани во селата Трстија и Трсино. Понатаму се планира да се набават уште неколку вакви филтри за другите населени места во опш тината.
  15. Во с. Грљани е извршена реконструкција на водоводната мрежа во 3 маали, набавена е цистерна – резервоар со капацитет од 50 м3 вода кој е во завршна фаза на монтирање и наскоро ќе биде пуштена во употреба новата реконструирана мрежа со нов резервоар. После тоа овој систем ќе го преземе во управување ЈП Солидарност
  16. И најпосле, најголемата инвестиција во водоснабдувањето ќе биде изградбата на Филтер станица за вода за пиење во с. Трсино. Овој проект е направен пред неколку години и сега останува само да се реши проблемот со Урбанистичката документација и ќе се започне со изградба. Средствата се обезбедени од страна на Владата на РМ.
  17. И на крај би спомнал за грантот што го обезбеди Владата на Република Македонија за сите општини во државата. Имено, Владата се задолжи со кредит од 60 милиони евра кај Европската инвестициона банка и сите тие средства преку Миинистерството за транспорт и врски ги додели на сите општини за реализација на проекти од водснабдувањето и одведувањето на отпадните води. Секоја општина доби неповратни средства во висина која зависи од повеќе параметри и тие средства се инвестираат во подобрување на состојбата со водоводните и канализационите системи и изградба на нови таму кај што ги нема. Секоја општина сама одлучува каде ќе ги инвестира тие средства. Овој проект е во поодмината фаза и скоро сите општини ги користат овие неповратни средства за подобрување на состојбите во секторот.

Од ова се гледа дека локалните и централните власти предводени од ВМРО – ДПМНЕ не само што се грижат нивните нашите жители во населените места да имаат шиста вода за пиење туку и практично на терен го покажуваат тоа со реализација на голем број проекти за унапредување на водоводните системи и подобрување на квалитетот на водата за пиење.

Доколку во минатото, кога нашиот политички противник беше на власт на локално или централно ниво, реализираше еден чекор во оваа сфера од животот – ние досега ќе ги завршевме останатите 5 чекори, стои во соопштението на ЈП Солидарност Виница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.