вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 0

Големи поплави во крајбрежните региони на Германија

Североисточното крајбрежје на Германија претрпе значителни штети од како беше погодено од најтешките поплави по 2006 година, јави ДПА. 

поплави

Поврзани вести

Водата на брегот на Балтичкото Море синоќа била за 1,5 до 1,7 метри повисока од нормалното ниво, по што ги поплавила крајбрежните области, соопшти германската Федерална служба за поморство и хидрографија.

Според службата, утринава нивото на водата се намалило за околу еден метар.

Поплавите предизвикале штети на објектите во градовите Либек и Фленсбург, а надојдената вода однела и повеќе автомобили.

Во последните денови Германија беше зафатена од силни ветрови и појава на голомрзица, што доведе до десетици сообраќајни несреќи.

Германските метеоролози измериле ветрови со брзина од 123 километри на час и температури до минус 20 степени Целзиусови.

Бурата, именувана Аксел, сега се движи од балтичкиот регион кон Белорусија.

Најчитани вести