Големи штети од поплавите во Лакавичкиот регион

Општина Штип со ангажирана механизација започна со санацација на патот до с.Балталија кој е во прекин. Како резултат на доаѓањето на Балталиска река, се случи поголем одрон на брегот покрај кој е делница на патот, по што сообраќајот беше во прекин.

balt3Од општина Штип јавуваат дека во овој момент направена е заобиколна лента за да нема прекин на сообраќајот. Се прават напори и за воспоставување на сообраќај до селата Пухче и Суво Грло, како и Танатарци каде водата ги однесе времените премини.

Во Лакавичкиот регион, штетите се големи. Земјоделците останаа без се што посадија, настрадаа пластеници, ниви со ран зеленчук, овоштарници како и имоти, викендици и домови на луѓе кои се лоцирани непосредно до реката од 20 – иот километар па се до 4 – иот, кај штипско Софилари.

Формирани се три комисии за проценка на штети од локалната самоуправа кои веќе се на терен, а граѓаните можат да пријават штети и во Општина Штип со пополнување на формулар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.