Големи штети од бурата во Холандија и Германија

Железничките линии во Германија се враќаат во петокот во нормалата, урнатите и откорнати стела и други предмети кои се отстрануваат од пругите погодени од силната бира којашто однесе осум човечки животи, пренесуваат медиуми.

Во Холандија во несреќите предизвикани од орканските ветрови во четвртокот загинаа три лица. Едно лице, врз кое паднало дрво, го загубило животот и во Белгија.

Меѓу осумте загинати во Германија, пак, се двајца пожарникари и двајца возачи на камиони коишто биле превртени од ветерот. Еден 65-годишник настрадал кога се обидувал да го зацврсти покривот на својата куќа, а 34-годишник кога врз него паднало дрво.

Осигурителните компании објавија дека невиденото невреме во Германија од 500 милиони, додека во Холандија од 90 милиони евра.

Урнатите стебла и другите остатоци сѐ уште блокираат бројни железнички линии во Германија. Нивното чистење траела во текот на целата ноќ кон петокот. Во сојузната земја Саксонија-Анхалт блокиран е и патниот сообраќај. Бројни летови беа откажани и од аеродромите во Дизелдорф и Минхен.

Аеродромот Шипол крај Амстердам објави дека очекува „нормален работен ден, иако би можело да има гужви поради откажувањето и повторното резервирање на вчерашните летови“. Многу летови, според последните бројки околу 320 слетувања и полетувања, од овој аеродром беа откажани поради орканскиот ветар предизвикал штети и на покривот на аеродромската зграда. Налетите на ветрот во Холандија достигнувале брзина поголема од 140 километри на час.

Станува збор за најлошото невреме коешто ја погоди Германија во последните единаесет години. Бурата се придвижи поисточно кон Полска. Бурата Фридерик, којашто во Франција и Белгија ја нарекуваат Давид се движи кон истокот, а во петокот го отежнува сообраќајот и во Франција, Белгија, и Холандија.