Големи турски инвестиции во Македонија годинава

Турската бизнис заедница, обединета околу Конфедерацијата на бизнис дамите и бизнисмените во турската индустрија, годинава ќе обезбеди големи инвестиции во балканските држави, изјавил заменик претседателот на Конфедерацијата Аљатин Бајрактар.

Инвестициите главно ќе бидат инвестиции во енергетика, текстил, туризам, прехранбена индустрија во Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска и другите балкански земји.

Претседателката на Конфедерацијата Незакет Емине Атасој имала разговори со одговорни претставници од балканските земји, на кои биле разгледани можностите за олеснувања за турските инвеститори и економските услови, објасни таа.

Трговските врски со балканските држави ќе се спроведуваат во соработка со турската Влада, се вели во писменото соопштение на Конфедерацијата.