Магазин

Големиот комичар починал сам, заборавен од сите и невин

Големиот комичар починал сам, заборавен од сите и невин
Големиот комичар починал сам, заборавен од сите и невин

Бени Хил, легендарниот британски комичар од 70-те и 80-те години, починал во 1992 година  во изнајмен стан во Лондон, сам и забравен од сите.

Алфред Хоторн, познат под псевдонимот Бени Хил, е роден 1924 година во британското градче Саутемптон. Како момче, Хил сакал да настапува во училишни претстави, а еднаш изјавил дека глумецот Чарли Чаплин го инспирирал да стане ѕвезда.

Отако го напуштил училиштето, Хил работел како млекар, оператор на подвижен мост, взач, а бил и тапанар во еден бенд.

Во текот на Втората светска војна работел во ноќни клубови и на различни модни и музички ревии. По војната, Хил се појавувал и како радиски изведувач-забавувач. Одлучил да го смени своето име во „Бени“, според името на комичарот Џек бени. Својата ТВ кариера службено ја започнал во 1955 година на Би-Би-Си, а неговото шоу, со мали прекини, траело се до 1969 година, кога одлучил да премине во друга ТВ куќа „Темс ТВ“. Тогаш почнал да ги снима скечевите по кои денес најмногу го паметиме.

 

Починал сам, пред телевизор

Своевремено кружеле гласини дека е хомсексуалец, но тој го демантирал тоа, велејќи дека „ ментално е на ниво на 17-годишник, па затоа е премлад за женидба“.

Пред крајот на својот живот живеел во скромен стан во предградие на западен Лондон.

Откако не го виделе неколку дена, загрижените соседи се јавиле во полиција. Бил пронајден мртов во фотелја пред вклучен телевизор. Обдукцијата покажала дека неговото тело е пронајдено четири дена по смртта, која настапила како последица на срцев удар.

За време на животот, тој запросил две жени, но и двете го одбиле. на крајот, според наводните анализи на неговиот ракопис, никогаш небил со жена, умрел невин.