Големиот народен собир на ВМРО – ДПМНЕ ќе се оддржи пред Собрание

ВМРО-ДПМНЕ ја промени локацијата на големиот народен собир. Огромниот број на поддржувачи на владејачката политика и владините реформи ќе се соберат утре пред македонското Собрание.

– За собирот кој го органзиира ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата За подобра Македонија и голем број други поддржувачи, се работи за мирен, ненасилен собир, на кој што сака да се искаже поддршка на државата во овие тешки момкенти, поддршка за сите кои се борат за Македонија, за безбедносните сили, за сите сили кои што даваат напори Македонија да излезе од овој процес, да се заврши оваа криза и да се продолжи по патеките на напредокот, по патеките на отворање на нови работни места, по патеките на носење на крупни инвеститори во Македонија, по патеките на зголемување на платите, на пензиите, на социјалната помош, по патеките на силна поддршка на земјоделците, рече вчера премиерот Груевски.

-Тој собир суигурно ќе бдие ненасилен, сигурно ќе биде мирен, но сигурно ќе биде моќен и силен од аспект на присутноста на граѓаните затоа што јас знам дека граѓаните го препознаа овој кукавички чин што го прави Заев, против сопствената држава, а за својот личен интерес, рече Груевски.