Македонија,Крими хроника

Големо апсење на судии во Скопје

Големо апсење на судии во Скопје

Големо апсење утрово се спроведува во Скопскиот прекршочен суд.

Приведени се 25 лица од Основниот суд Скопје 1- оддел за прекршоци, од кои 13 судии, поради несовесно работење во службата со што го оштетиле буџетот на државата за околу 68 милиони денари.

Сомнението е дека во текот на 2010 година, до нив биле доставени предмети -барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012/13 година. По предметите биле донесени пресуди со определени парични казни, а не биле доставени на извршување, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка против 25-те осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.