Големо апсење во Куманово, падна ветеран на УЧК и полициски инспектор

Големо апсење на полицијата синоќа во Куманово. Како што јавуваат медиумите кои известуваат на албански јазик вчера околу 16 часот приведени се три лица меѓу кои и еден ветеран на ОВК, односно ОВПМБ.

Станува збор за тројца браќа од кои едниот е полициски инспектор.

Од МВР информацијата ја потврдиле за Алсат, но не откриле повеќе детали.