Големо финале, Ѓоковиќ и Надал се борат за Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се борат за титулата шампион на Ролан Гарос. И само две опции се можни да се тргне Надал од тронот на парискиот Грен Слем или прва титула на српскиот тенисер на тој турнир.

Ноле против Рафа триумфирал 19 пати, додека Надал има три победи повеќе. Ако се погледнат резултатите од минатите две години, формата на претставникот на Србија е во константен пораст и на Шпанецот ќе му биде тешко да го одбрани тронот кој одамна љубоморно го чува.

Финалето на Ролан Гарос започнува во 15 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.