Магазин

Големо Финале на трилогијата „Казна за гревот“ на Јелена Бачиќ Алимпиќ

Големо Финале на трилогијата „Казна за гревот“ на Јелена Бачиќ Алимпиќ

Клубот Матица, на Булеварот на Книгите, во вторник (14 јуни) своите членови и читатели ќе ги почести со присуство на најчитаната балканска авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Поводот за нејзиното гостување е излегувањето од печат на последната книга од трилогијата „Казна за гревот“, „Молитва за прошка“.

МОЛИТВА ЗА ПРОШКА

Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на „Молитва за прошка“, третата книга од трилогијата „Казна за гревот“, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања“, изјави Бачиќ.

По првите два романи „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“ ова е неверојатна завршница која сите со нетрпение ја очекувавме.

„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите. И за љубовта како последно засолниште.

Финалето ќе започне во 19:00 часот на Булеварот на Книгите (Бул. Климент Охридски) и ќе биде своевидна увертира за бројните настани и изненадувања што ќе се подготвуваат во Клубот за лето 2016.