Големо невреме го зафати Скопје, Карпош е без струја

Скопје попладнево беше зафатено со големо невреме проследено со силни врнежи од дожд, на некои места град и силен ветер. Како што беше и најавено од страна на метеоролозите, Македонија ја зафати циклонот кој предизвика поплави и невреме на Балканот.

Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник. Во недела и во понеделник локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења.