среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 6

Големо невреме во Албанија

Три лица загинале во големите дождови и поплави кои вчера ја погодиле Албанија, а земјата се подготвува за уште полошо невреме и денес.

albanija-1-640x427

Последни вести

Водата поплавила складишта и постројки на некои од најголемите албански претпријатија кои се наоѓаат покрај автопатот кон Драч.

Земјоделските подрачја на северозападот на земјата се поплавени.

Три лица загинале во големите дождови и поплави кои вчера ја погодиле Албанија, а земјата се подготвува за уште полошо невреме и денес.

Едно лице загинало во својот автомобил кој бил однесен од надојдената вода, друго било пронајдено удавено во река, додека третиот загинат бил оддуван од силниот ветер од кров на куќа.

Училиштата се затворени до следната одлука, а војската и итните служби почнале да евакуираат луѓе од некои подрачја во земјата.

Сообраќајот на новиот автопат кој ја поврзува Тирана со Драч е прекинат поради високите води. Водата поплавила и складишта и постројки на некои од најголемите албански претпријатија кои се наоѓаат покрај автопатот кон Драч. Земјоделските подрачја на северозападот на земјата се потопени, а неколку мостови во планинскиот дел на северот на земјата се уништени.

Најчитани вести