Свет

Големо невреме во Франција: 125.000 семејства останаа без струја

Големо невреме во Франција:  125.000 семејства останаа без струја
Поради силен ветер, кој достигнал брзина и до 160 километри на час, без електрична енергија останале 125.000 семејства во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Во невремето три лица се повредени, од кои едно се наоѓа во критична состојба откако со автомобил удрил во паднато дрво на патот.

Неколку области во Франција објавиле и портокалова фаза за опасност од бурата.

Според француската метеоролошка служба силните ветрови се очекуваат да траат до утре.