Големо невреме во Словенија

Застрашувачка глетка предизвика невремето кое во текот на минатата ноќ ја погоди Словенија, каде за неколку часа забележани се 20.000 громови, што според ескпертите е вистинска реткост за ова време од годината, пренесуваат словенечките медиуми.

Невремето кое донесе големи количества дожд и поплави го карактеризираше голем број на громови.

– На територијата на Словенија за 10 часа забележани се приближно 20.000 громови. Таква активност некогаш бележиме во текот на летните месеци, но за ова годишно време се вистинска реткост- велат тамошните експерти.