Големо поевтинување на мобилните разговори во последните 4 години

Просечната цена за минута разговор во последните четири години е пониска за 63 проценти. Податоците од анализата која ја направи Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека цената за минута разговор од просечните 3,4 денари е намалена на 1,27 денари на крајот од минатата година.

Последица од намалувањето на цената на мобилните разговори е зголемувањето на употребата на мобилните телефони , а постојано се зголемува и бројот на корисниците кои употребуваат мобилен интернет.

Ваквиот трент на зголемување на бројот на корисници кои ги користат мобилните услуги е растечки тренд како во Македонија така и во Европа.

Од АЕК потврдуваат дека очекуваат овој тренд да продолжи и во следниот период но не со толку брз интензитет. Во овој период од четири години, забележан е пораст и на бројот на корисници во фиксната телефонија.

-Сметаме дека од досегашните 110 проценти пенетрација во следните шест до седум години ќе стигнеме до 130 проценти пенетрација колку што е и просекот во земјите-членки на Европската унија, изјави Владимир Ристески од АЕК.

Падот на цената на мобилните разговори кореспондира со регулираната цена од страна на АЕК за завршување на повик во мобилната мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.