Големо велосипедско дефиле во Скопје

Големо велосипедско дефиле утре ќе се вози на градските улици по повод 22 Септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2016.

Дефилето ќе стартува во 11 часот кај Порта Македонија. Велосипедистите потоа ќе возат по улицата 11 Октомври, а на раскрсницата со булеварот Кочо Рацин ќе завртат десно до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј. Потоа, ќе возат по улицата Свети Кирил и Методиј, па десно по булеварот Свети Климент Охридски, на раскрсницата со булеварот Партизански одреди ќе завртат лево и ќе возат по булеварот се до раскрсницата со улицата Никола Парапунов, потоа ќе завртат десно и по булеварот Илинден ќе пристигнат во Градскиот парк, на Школка.

Во 11:30 часот, на Школката во Градскиот парк, ќе се одржи забавен хепенинг со настап на уличните свирачи и наградна игра за учесниците во дефилето, информираат од Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.