„Голф“ и „ТАМ“ се судрија кај Варвара: Еден загинат, петмина повредени

Едно лице го загуби животот, а петмина се повредени, откако се судрија автомобил и камион во атерот на селото Варвара.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 17 часот се случила тешка сообраќајна незгода во атер на скопското село Варвара.

До несреќата дошло кога се судриле автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички, во кој покрај возачот, 24-годишниот Реџеп Ш. од село Елово, имало уште четворица сопатници и камион „ТАМ“ управуван од 48-годишниот И.М. од Патишка Река.

Според информациите од полицијата, на повредите здобиени од сударот, во градската болница „Свети Наум Охридски“ им подлегнал возачот на „голф“-от, а неговиот сопатник, 53-годишниот С.М. со тешки телесни повреди е задржан на Ургентниот Центар во Скопје. Останатите тројца сопатници се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашна нега.

Со телесни повреди се здобил и возачот на камионот.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.