Четири лица се полесно повредени откако вчера попладнето на автопатот Скопје-Тетово, во непосредна близина на клучката Групчин, автомобил „Голф“ загубил контрола и излетал од патот.
При излетувањето со повреди се здобиле 64-годишниот Р.В. и тројцата сопатници на возраст од 51, 22 и 52 години, сите од Желино. По укажаната лекарска помош лицата се пуштени на домашно лекување.
Од СВР Тетово информираат дека извршен е увид и се утврдуваат причините и се друго поврзано со излетувањето.
Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.