„Голф“ со силна брзина удрил во полицаец и во две возила, повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, во близина на тунелот кај Катланово. Во несреќата возач на „голф“ удрил во џип кој неколку моменти пред тоа се превртел на автопатот и во полицаец кој го обезбедувал местото.

Од СВР-Скопје соопштија дека пред околу два часа се случила сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, на околу 300 метри од тунелот во Катланово, во која џип со струмички таблички, од засега непознати причини, се превртел на патот.

На местото на настанот излегла полициска екипа, за да го обезбедува местото додека не пристигне увидната екипа.

Неколку моменти по несреќата со џипот, кон полициските службеници и превртеното возило со голема брзина се приближувал „голф“ кој удрил во џипот, во полициското возило како и во полицискиот службеник кој бил на службена должност.

Според досегашните информации повредени се три лица и тоа полицаецот и возачите на двата автомобили. Сите се пренесени на скопските клиники.

Увидот на местото на несреќата сè уште трае, а од полиција нè информираа дека сообраќајот се одвива нормално.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.