Голман почина по судир со соиграч (ВИДЕО)

Еден од најпознатите индонезиски фудбалери, 38-годишниот Чоирул Худа починал како последица на судир со соиграч кој се одиграл во текот на натпревар.

Голманот на индонезискиот клуб Персела Ламонган се соиграч со соиграчот Рамон Родригез и противничкиот напаѓач Марсело Сакраменто.

Откако го доби ударот, Худа остана да лежи на тревникот откако по што му била пружена помош. Итно е пренесен во болница, но таму починал.

„Ова е тежок удар за сите нас. Сите играчи по натпреварот заминаа во болница, но Худа почина. Сите сме во шок“, изјави тренерот Аџи Сантосо.

Худа целата кариера ја мина во клубот од својот роден град, а забележа повеќе од 500 настапи.

Локалните медиуми објавија дека Худа починал од хипоксија, намалување на кислород во клетките и ткивото, што има за последица нарушување во функционирањето на органите, системите и клетките, а можна е и смрт.