Спорт

Голманот Милиќ суспендиран на еден месец и во РК Вардар

Голманот Милиќ суспендиран на еден месец и во РК Вардар

По инцидентот поврзан со српската ракометна репрезентација, голманот Страхиња Милиќ е суспендиран и од својот клуб Вардар.

Ова е интегралниот текст од реакцијата на РК Вардар.

Во врска со последните случувања во ракометната репрезентацијата на Србија, чиј член беше и голманот Страхиња Милиќ, ракометниот клуб Вардар смета дека однесувањето на нашиот член не е во согласност со спортскиот кодекс, иако тоа се случило надвор од теренот.

Клубот имаше разговор со играчот со цел да ја слушне и неговата изјава во врска со случувањата, за да биде целосно запознаен со сите детали. Без оглед што се работи за натпревар во кој клубот не е вклучен, а бидејќи Милиќ е член на Вардар, сметаме дека со однесувањето истовремено го претставува клубот надвор од Македонија. Милиќ досега покажа висок степен на професионалност кога се работи за исполнување на клупските обврски и тоа го имаше предвид.

Почитувајќи ги клупските правилници, Вардар му изрече временска суспензија од еден месец на Милиќ, и парична казна согласно клупските правилници поради ваквото однесување, со надеж дека истата ќе влијае позитивно на негово однесување во иднина, како на негов, така и на другите членови на екипата.

Клубот има разбирање за играчот, но никогаш нема да толерира однесување што е надвор од спортскиот кодекс и што може да донесе негативен публицитет, и на клубот, па и репрезентацијата за која настапува. Сметаме дека токму однесување на спортистите треба да биде пример за идните генерации, и затоа секогаш ќе го подржуваме фер плејот, на терен и надвор од него.