Голманот на Чапокоензе требало да патува со екипата, но останал дома

Еден од најпопуларните играчи на Чапокоензе, 42-годишниот голман Нивалдо вчера соопштил дека моментално се повлекува од фудбалот и оди во пензија по трагичната авионска несреќа во која загинаа 20 негови соиграчи и членовите на стручниот штаб на клубот.

Тој бил член на клубот од 2006 година и требало да го одигра својот 300. натпревар за клубот во последното коло од домашното бразилско првенство против Атлетико Минеиро. Токму затоа тој останал дома и не патувал со тимот во Колумбија, за јубелијниот 300 натпревар во кариерата да го одигра пред навивачите на домашен терен.

Сепак, тој последен натпревар нема да го одигра.

– Требаше да патувам со екипата, но останав. За се во животот постои некоја причина. Не патував со нив ниту во Палмериас, затоа што тие не се вратија дома, туку тргнаа право за Колумбија. Тренерот ми рече дека е подобро да останам, а јас немав никаков проблем со одлуката. Ете, за жал се случи таа несреќа, а јас повеќе немам сила да се појавам на зелениот терен, изјавил Нивалдо за бразилските новинари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.