Голманот на Нигерија најави полуфинале

Репрезентативецот на Нигерија и прв голман на францускиот прволигаш Лил, Винсент Ениеама е убеден дека популарните “орли” ќе бидат дел од полуфиналната рунда на престојниот Мундијал во Бразил.

“Убеден сум дека ќе забележиме голем напредок, голем резултат на престојниот Мундијал во Бразил. Целосно сме фокусирани на Светското првенство, сакаме цела Афика да биде горда на Нигерија. Пред четри години, Гана за малку ќе обезбедеше пласман во полуфиналната рунда. Убеден сум дека Нигерија ќе забележи подобар резултат и дека ќе биде дел од полуфиналната рунда. Со нетпрпение го очекувам првиот натпревар во групната фаза. Ќе биде многу интересно против селекцијата на Швајцарија. Најважно од се е да избориме пласман во следната рунда. Ако завршиме како први во нашата група тогаш сигурно ќе ја избегнеме репрезентацијата на Франција”, изјави голманот на Нигерија.