Гологанов со привремен сообраќаен режим

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во сабота и недела, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од крстосницата со булeварот 8-ми Септември,  до крстосницата со улица Московска, во периодот од 7 до 22 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.

Поради тоа, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.