Головите на Барди во најавното видео за новата сезона во Ла Лига

Викендов започнува новата сезона во шпанската Примера, а официјалната страна на „Ла Лига“ му оддаде големо признание на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, кој минатата сезона одигра одлично во дресот на „Леванте“.

На официјалниот Фејсбук профил на „Ла Лига“ е поставено најавно видео за сезоната што следи, а на кое се сите голови од слободен удар на Лео Меси и на Барди, фудбалери кои постигнаа најмногу погодоци од слободни удари.

Насловот на видеото е „Повеќе од слободен удар. Ова е уметност“.
Барди лани постигна девет гола во „Ла Лига“, од кои пет од слободен удар, а особено добро ќе го памети и „Барселона“ на која и постигна два гола и и го нанесе првиот и единствениот пораз во сезоната.