Магазин

ВИДЕО: Голтнал жива златна рипка, добил казна од 1000 фунти

ВИДЕО: Голтнал жива златна рипка, добил казна од 1000 фунти

Британското друштво за заштита на животните ја однесе првата победа во борба против оние кои се забавуваат голтајќи живи рипки од аквариум.
22-годишниот Гевин Хоуп е осуден за свирепо однесување кон животните и е казнет со 330 фунти и судски трошоци од околу 1.000 фунти, откако на Фејсбук објавил снимка на која се гледа како голта златна рипка.

Друштвото за заштита на животните покренало кампања против играта „Некноминате“ која се состои од поставување на најлудите предизвици на интернет. Младиот Британец својот подвиг го снимил за Нова година. На видеото  се гледа како првин пие мешавина од пиво, табаско и текила а потоа ја проголтува рипката.

Претставничката на здружението Мишел Чарлтон изјавила дека рибата умрела од гушење и големо ниво на киселина во желудникот на момчето.