Гомис: Добро сум, не беше ништо страшно

Бафетимби Гомис имаше непријатна ситуација на дуелот против Тотенхем откако колабираше на теренот, што не е прв таков случај кога е корпулентниот напаѓач во прашање.

Сепак, со порака преку социјалните мрежи Гомис се обиде да ја смири целата ситуација.

“Сакав да ги известам сите за својата здравствена состојба. Целата ситуација всушност изгледа многу полошо на ТВ отколку што суштински е случај. Сега се чувствувам добро, а колабирањето се должи на преголем стрес и премореност, бидејќи поради нарушеното здравје на татко ми во последните денови премногу често патував до Франција и назад” – порача Гомис преку својот твитер-профил.