Гонзалес повика 19 ракометари за дуелите со Исланд

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави во средата списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на Европското првенство коешто ќе се игра во Хрватска следната 2018 година

Собирот е закажан за понеделник 1 мај, со почеток од 9,30 часот о ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Гонзалес го скрати првичниот список од 28 на 19 играчи: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Жарко Пешевски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Филип Миркуловски, Никола Митревски, Марко Нелоски и
Мартин Велковски.

Првиот од двата натпревара против Исланд, селекцијата на Македонија ќе го одигра на 4 мај со почеток од 20 часот во Скопје, а реваншот е во Рејкјавик на 7 мај со почеток од 19,45 часот.

Продажбата на влезниците за натпреварот почнa пред два дена на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс. Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.