Гонзалес пред натпреварот со ППД Загреб: Должност ни е да одиграме максимално и да победиме

Двата тима што славеа минатата сабота и недела во Европа во рамки на СЕХА Лигата, ППД Загреб и Вардар ќе се сретнат утре од 20.30 часот, а најавено е Хрватите да имаат поголема подршка од навивачите во арената во Вараждин.

Иако тренерот на македонскиот првак, Раул Гонзалез пак има проблеми со тимот, сепак „црвено – црните“ годинава се желни за реванш, откако минатата година ППД Загреб минатата година го елиминира Вардар во полуфиналето на СЕХА лигата во Веспрем.

Играме одличен ракомет оваа сезона во СЕХА лигата и второто место за нас е одличен успех. Сега сме тука и играме за титула, двете екипи и Вардар и ППД Загреб играат одличен ракомет. Имаме проблеми со некои повредени ракометари, но ќе се организираме за овој викенд. ППД Загреб има одличен тренер, многу искусни ракометари како Марковиќ, Хорват и сигурно ќе ни создадат многу проблеми. СЕХА лигата е на многу високо ниво и луѓето многу ја следат, а со тоа и должност ни е да одиграме максимално и да победиме. Горбок и Штербик се добри, ќе тренираат и верувам дека ќе играат утревечер, истакна Раул Гонзалез, пренесува Гол.мк.

Стојанче Стоилов говореше за тоа каква е атмосферата во таборот на вардарци по успешниот европски двомеч против полската Висла.

Вардар минатата година не се покажа во добро издание во Веспрем. Лани не знаевме зошто сме дојдени, верувам дека ќе се поправиме. ППД Загреб е наш добар познаник и верувам дека можеме да се надигруваме со нив, истакна кружниот напаѓач, пренесе Гол.мк.