Спорт

Гонзалез: Нема фаворит за освојување на пехарот во СЕХА

Гонзалез: Нема фаворит за освојување на пехарот во СЕХА

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалез Гутиерес, истакна дека нема изразит фаворит за трофејот во Регионалната СЕХА Лига, бидејќи сите четири тимови кои се пласираа на фајнлфорот во Нови Сад (11 – 13 април) имаат квалитет за искачување на највисокото место во ова натпреварување.

“Сите тимови имаа доволно време да се подготват за овој турнир најдобро што може. Мислам дека ќе гледаме одлични ракометни натпревари.Четирите екипи се на слично ниво според квалитетот. Според мене, нема изразен фаворит и верувам дека ќе гледаме многу интересен турнир”, изјави Гонзалез.

Вардар во првото полуфиналето на турнирот ќе ги одмери силите со Загреб, додека во второто полуфинале ќе играат Татран Прешов и Мешков Брест