Горан Бреговиќ отвора колеџ за Роми

Пејачот Горан Бреговиќ, во Сараево пред две години ја основал фондацијата Горица, за да ги стипендира талентираните ромски деца. Сега планира да отвори колеџ.

-Наместо Ромите да ги прилагодиме на училиштето, уличиштето ќе го прилагодиме на Ромите. Со средствата кои ќе ги обезбеди основачот и помагачот од Америка, во следната година ќе се формира музичко училиште-колеџ. Планот е во името да има ромска одредница, со што ќе се надвладее психолошката бариера, па на тој начин тие ќе го засакаат учењето. Ромите поради разните предрасуди и комплекси тешко се прилагодуваат во средините каде се малцинство, вели директорот на фондацијата на Бреговиќ, Фарук Дрина.