Горан Хаџиќ вратен во Хаг поради лекарски прегледи

Хашкиот притвореник Горан Хаџиќ во петокот се вратил во Хаг, бидејќи така било одредено во одлуката за неговото привремено пуштање на слобода, за Танјуг денеска изјави неговиот адвокат Зоран Живановиќ, објави МИА.

-Поради доверливоста на оваа инфромација не можевме претходно да го соопштиме точниот датум на неговото враќање во Хаг, додаде Живановиќ.

Адвокатот прецизираше дека Хаџиќ во Хаг е вратен заради контролен преглед по земањето на препишаната терапија. Тој, исто така очекува по прегледот неговиот клиент повторно да биде вратен во Србија.

Хашкиот трибунал на 16 април го пушти Хаџиќ на привремена слобода од здравствени причини.

Судењето на Хаџиќ е во прекин од октомври 2014 година, кога му се слоѓи во судскиот притвор