Горан Икониќ ново засилување во Работнички

Кошаркарскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина Горан Икониќ (33), е првото засилување за тимот  на Работнички.

“Ново е тоа што потпишавме договор со Горан Икониќ додека се уште трае потрагата по засилување на плејмејкерската и центарската позиција. Немања Јелесијевиќ и Александар Угриновски само тренираат со нас, ние како клуб им излеговме во пресрет бидејќи тие се без клупски ангажман. Дополнително од друга страна и тие ни помагаат при тренинзите бидејќи немаме доволен број играчи. Во недела заминуваме за Црна Гора, во Бар, каде што ќе настапиме на турнир кој е во организација на домашниот тим Морнар Бар”, изјави за “Екипа”, тренерот на Работнички, Емил Рајковиќ.

Горан Икониќ е играч кој одлично се снаоѓа на бековските позиции. Во богатата кариера Икониќ има настапувано за Леотар, Босна (Босна и Херцеговина), Крка (Словенија), Доњецк, Политехник (Украина) и Пинар Каршијака (Турција).